На 5 мај 2025 година, со почеток од 18:30 часот, во просториите на Македонскиот КИЦ во Софија ќе се одбележи јубилејот – 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик.
Кодификацијата на македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани: Решението на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944 година) за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава, Решението на Президиумот на АСНОМ од 5 мај 1945 година за македонската азбука, како и со официјалното усвојување на македонскиот правопис - 7 јуни 1945 година.
КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7