На 17 јули (четврток) 2025, со почеток од 18:30 часот, во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи претставувањето на литературните опуси на две македонски поетеси - Елизабета К. Питулкова и Гордана Каракашевска.
Настанот е предвиден да биде средба на авторките со софиската публика, преку која ќе ги претстават своите творечки дострели, а преку форма на интерактивност, публиката ќе има можност да се вклучи во содржината на вечерта.
КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7