Во рамките на работната посета на Софија, во просториите на Македонскиот културно-информативен центар се одржа значаен работен состанок со заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, м-р Зоран Димитровски. На состанокот беа отворени повеќе теми од областа на културната дипломатија, како и културните сегменти во кои македонската култура бележи доминантно присуство и меѓународна афирмација.
Овој настан се одржа и во духот на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Македонскиот културно-информативен центар во Софија. Во знак на признание за неговиот особен придонес, континуирана поддршка и промоција на македонската култура надвор од границите на државата, на м-р Зоран Димитровски му беше доделена благодарницата „Мостови на културата“.