Концерт на Ева Живковска и Горјан Стојановски во Македонскиот културно-информативен центар во Софија
На 19 јуни (четврток) 2025, со почеток од 18:30 часот, во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи Камерен концерт за глас и пијано на Ева Живковска – сопран и Горјан Стојановски – пијано.
На 26 јуни (четврток) од 18:30 часот во Македонскиот КИЦ во Софија ќе се одржи концертот ,,Од Вевчани до Софија: македонска култура и традиција во ритам". Со концертот Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани, преку македонскиот ритам од Западна и Источна Македонија, ќе ја претстави и промовира културата и традицијата на својата земја пред публиката во Софија, Р. Бугарија.