На 25 април 2025 во галеријата на КИЦ во Софија се одржа претставата за деца „Свадби на животни и нешта“ на театар „Сенки и облаци“ од Скопје.
За реализацијата на претставата присуствуваше креативниот тим на театарот: Катерина Стефановска – актер, Александра Стојановска – актер, Дарко Богески – актер, Круме Стефановски - актер и музичар, Благородна Коцева Симјанов - дизајн на кукли, Ивона Ѓорѓиовска - дизајн на постер. На овој невообичаен настан за КИЦ во Софија присуствуваа и светски познатиот бугарски писател Георги Господинов и неговата ќерка Раја, кои се авторите на книгата „Свадби на животни и нешта“, врз која се темели самата претстава. Тие имаа можност да споделат некои детали од начинот на создавањето на делото.
Претставата со сенки беше поздравена од детската публика со бурни аплаузи по нејзиното завршување.
Присутните ги поздрави амбасадорката Н.Е. Агнеза Руси-Поповска и на крајот од вечерта на театар „Сенки и облаци“ од Скопје им беше врачена благодарница „Мостови на културата“, по повод 20-годишниот јубилеј на КИЦ во Софија.