КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Соло концерт „Магична барокна вечер“ на Наташа Диденко (виолина)

ул. „Обориште“ 7, Софија
6 Nov 2018 - 19:00
Соло концерт „Магична барокна вечер“ на Наташа Диденко (виолина) (банер)

На 6 ноември (вторник) со почеток од 19:00 часот, во КИЦ на РМ во Софија, ќе се одржи соло концертот „Магична барокна вечер“ на Наташа Диденко (виолина).

Во програмата на концертот се предвидени музички композиции на германскиот композитор од доцниот барок, Георг Филип Телеман (1681-1767). Тој е сметан за еден од најплодните композитори во историјата, а исто така, според неговите современици е еден од водечките германски композитори. Споредуван е со неговиот пријател Јохан Себастијан Бах. Неговата музика вклучува неколку национални стилови (француски, италијански, германски), а понекогаш е под влијание на полската популарна музика. Неговите дела се важна врска меѓу доцните барокни и раните класични стилови. На концертот во КИЦ на Република Македонија во Софија ќе бидат исполнети „Четири сонати за соло виолина“.

Наташа Диденко (родена во Скопје 1988 година) oсновното и средното музичко образование ги завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Во 2010 година ги завршува студиите на Факултетот за музичка уметност- Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, во класата на проф. Ганка Самоилова. Во 2011 година ги завршува постдипломските студии на истиот факултет. Во 2017 година ги завршува докторските студии на Институтот за национална историја во Скопје, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј и се стекнува со звање доктор по хуманистички науки - Културна историја. Како резултат на нејзината научноистражувачка работа има објавено монографија, статии и учествувано на повеќе домашни и меѓународни научни собири и конференции.

Нејзина силна мотивација, покрај солистичките, претставуваат и камерните настапи, преку кои се обидува најмногу да ја доближи класичната музика до помладата генерација. Таа,  исто така е проектен менаџер, раководител на детски музички фестивал и обучувач на летни музички семинари на кои покрај пренесувањето на виолинистичката техника и специфики, учесниците ги запознава со историскиот развој на музиката во Македонија.

Добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари. Има одржано концерти во Берлин, Бремен, Париз, Марсел, Сете и низ повеќе градови во Македонија.

Во моментот Наташа Диденко е професор по виолина во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“- Скопје. Нејзиното искуство го пренесува на нејзините ученици. Нејзини ученици по виолина се добитници на бројни награди на домашни и меѓународни натпревари.

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31