Во присуство на претставници од културната јавност во Софија, на 21 октомври 2021 со почеток од 18:30 часот во КИЦ на РСМ во Софија се одржа концерт на младата пејачка од Скопје, Илина Митревска, со музичка придружба на пијано од Дилек Реџеп, а како гостин на бис и Десислава Тодорова, со која ја изведоа Баркарола од операта „Хофманови раскази“ на Жак Офенбах.
Во богатиот репертоар на солистичкиот концерт беа застапени композиции од: В. А. Моцарт, Џовани Паизиело, Мауро Џулиани, Џузепе Верди, Фредерик Шопен, Џакомо Пучини, Георг Ф. Хендел, Сергеј Рахмањинов, А. Дворжак.
Со голем интерес помина концертот на Илина Митревска во Софија, која што ги воодушеви љубителите на класичната музика.