КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Солистички концерт на Илина Митревска во КИЦ на РСМ во Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
21 Oct 2021 - 18:30
Солистички концерт на Илина Митревска во КИЦ на РСМ во Софија (банер)

На 21 октомври (четврток) 2021 со почеток од 18:30 часот во КИЦ на РСМ во Софија ќе се одржи концерт на младата пејачка од Скопје, Илина Митревска, со музичка придружба на пијано од Дилек Реџеп.

Концертот содржи широк спектар на дела од барокот до класиката, веризмот, романтизмот, со акцент врз бел-канто пеењето. Во богатиот репертоар на солистичкиот концерт се застапени композиции од: В. А. Моцарт, Џовани Паизиело, Мауро Џулиани, Џузепе Верди, Фредерик Шопен, Џакомо Пучини, Георг Ф. Хендел, Сергеј Рахмањинов, А. Дворжак.

Местата за настанот се со ограничен број и право на присуство ќе имаат само оние кои претходно се запишале. Предност за присуство ќе имаат оние кои поседуваат сертификати за вакцинација или за поминат Ковид-19. Поставените услови се со цел почитување на мерките за справување со пандемијата.

Илина Митревска е дваесет годишна соло пејачка од Скопје. Студира на Конзерваториумот “Giuseppe Tartini” Во Трст, Италија, под менторство на Белканто мајсторот - Лоренцо Регацо.

Нејзиното средно образование го завршува во Музичкото училиште во Скопје, при одделот за соло пеење, во класата на проф. Гонца Богоромова Краповски, воедно како дел од вокалната академија на проф. Ана и Игор Дурловски.

Интензивно работи со првенецот на Македонската Опера и Балет, тенорот, проф. Ѓорѓи Цуцковски како и првенката проф. Славица Петровска Галиќ. Во нејзиното досегашно учење се стекнува со голем број настапи: Солистички настап со македонската Филхармонија, Солистички концерт, во Софија, под диригентската палка на маестро Христо Христов, Скопско Лето, Звуците на Чаршијата итн., меѓународно ниво, во и вон Македонија. Се стекнакнува со голем број награди: Во Србија, Бугарија и низ Македонја, како и голем број мастеркласи во и вон Македонија.

Дилек Реџеп е родена во музичко семејство oд монголско - турско потекло, на 21.12.1970 во Скопје.  Професор е во Средното музичко училиште “Илија Николовски - Луј”. Таа започнува со изучување на пијаното уште од кога имала седум години и уште од мала возраст покажува голем талент за музиката, покажува и интерес во математикта, историјата, природните науки кои и се огромна страст. Уште од мала таа го покажува својот стил на пијано, кој стана актуелен во пошироката публика, во целиот свет во  последните 10 години, каде што музиката се доживува целосно, од сите аспекти, не само фотмално и технички. И само таквата изведба ги достигнува срцата на поширокиот круг на луѓе.

Можете да го користите телефонскиот број на КИЦ на РСМ во Софија и претходно да се запишете за присуство на настанот: + 359 2 946 1492. Тоа можете да го направите до 21 октомври од 8:30 до 16:30 часот. Местата се ограничени.

 

Share

Настани

  • 2 Dec 2021 - 18:30
    Литературна вечер со писателката и преведувачката Ана Багрјана (банер)

    На 2 декември (четврток) 2021 со почеток од 18:30 часот, во КИЦ на РСМ во Софија, ќе се одржи „Литературна вечер со писателката и преведувачката Ана Багрјана“.

    За нејзината богата преведувачка дејност, во која се застапени...

    КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31