КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Промоција на книгите „Цариградски емигрант“ и „Граница“ од Луан Старова во КИЦ на РСМ во Софија

На 7-ми септември 2023, ден пред Денот на независноста – 8-ми септември, во Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија се одржа промоцијата на бугарските изданија на книгите „Цариградски емигрант“ и „Граница“ од Луан Старова.

На првото постхумно претставување на делото да големиот македонски писател присуствуваа: Дита Старова-Ќерими, ќерка на Луан Старова и директор на Националната галерија на Северна Македонија, издавачот и литературен критичар Пламен Тотев, преведувачот и писател Маријан Петров и амбасадорката на Северна Македонија во Бугарија Н.Е. Агнеза Руси-Поповска.

Н. Е. Агнеза Руси-Поповска го истакна аманетот што го остави Луан Старова – за целосна европеизација на Западен Балкан. Тој во интервју за БНР пред три години изјави дека главната мисија на неговите романи е да најде заеднички јазик меѓу балканските народи.

Книжевниот критичар Пламен Тотев зборуваше за пријателството со Луан Старова, за почитта и шармот на неговиот интелект, за неговата богата култура и космополитизам. Ја спомена и неговата дипломатска кариера – како амбасадор во Франција, Шпанија, Португалија и УНЕСКО, неговата наставна, академска и преведувачка дејност.

Преведувачот Маријан Петров, кој преведе над 120 книги од словенски јазици, ги сподели своите впечатоци од книгите и прочита избрани извадоци од романите.

Долго време по завршувањето на официјалниот дел од настанот, Дита Старова-Ќерими даваше автограми на книгите на нејзиниот татко.

Настанот го проследи публика составена од пријатели на македонскиот КИЦ во Софија, претставници на дипломатскиот кор, писатели, преведувачи, уметници и љубители на литературата.

Настани

7 Sep 2023 - 18:30

На 7-ми септември 2023, ден пред Денот на независноста – 8-ми септември, во Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија ќе се одржи промоцијата на книгите „Цариградски емигрант“ и „Граница“ од Луан Старова. За промоцијата на книгите од големиот македонски писател со албанско потекло ќе...

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30