КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Промоција на книгата „Од исто тесто“ во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија

На 26 октомври 2023 година, во галеријата на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија, се одржа промоцијата на поетската книга „Од исто тесто – стихови за смртта и надежта“ од Бранко Цветкоски.

Вечерта, посветена на истакнатиот македонски поет, започна со топлото добредојде од страна на директорот на КИЦ во Софија д-р Сашко Насев, по што следеше поздравниот говор на Н.Е. Агнеза Руси Поповска, амбасадорка на Северна Македонија во Бугарија.

Културната програма на вечерта започна со интерпретацијата на Бетовеновата „Месечева соната“ од страна на пијанистката Султана Марковска, по што следеше срдечниот говор на г-н Иван Гранитски од бугарското издателство „Захариј Стојанов“, под чиј печат излезе промовираната книга во 2021 година.

Поопширно за делото на Цветкоски говореше преведувачката на книгата и позната бугарска поетеса Роза Бојанова, како и поетот Димитар Христов, кој исто така прочита неколку од песните во книгата.

Поетот Бранко Цветкоски на крајот од вечерта се заблагодари на публиката, која ја исполни галеријата на КИЦ во Софија и која покажа отворен интерес за длабоката и сериозна поезија, како што ја определија промоторите.

Настани

26 Oct 2023 - 18:30

На 26 октомври (четврток) 2023, со почеток од 18:30 часот, во галеријата на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија ќе се одржи промоцијата на бугарското издание на книгата „Од истото тесто“ од Бранко Цветкоски. Оваа поетска книга на Цветковски е издание на издавачката куќа „Захариј Стојанов“ од Софија,...

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30