КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Промоција на книгата „Ервехе“ од Луан Старова во КИЦ - Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
24 Oct 2019 - 18:30
Промоција на книгата „Ервехе“ од Луан Старова во КИЦ - Софија (банер)

Исполнета со многу љубов и топлина, оваа книга е за една мајка која го посветила својот живот на преживувањето на нејзините деца и семејство. Нејзината судбина е индикативна на фонот на големите катаклизми на Балканот во ХХ век, кога границите меѓу државите се менуваат, власта се променува, се создаваат и паѓаат империи, а цели семејства се принудени да станат емигранти, за да преживеат. Границите на Балканот се толку променливи што и самата Ервехе доста често неможе лесно да разбере каде започнува и каде завршува туѓината и каде – татковината.

Во деновите кога некои – и тоа многумина- се обидуваат да ги извалкаат со кал ликовите на Жената и Мајката, Луан Старова создаде книга која е нивна пофалба. Сега, кога се клатат темелите на семејството, тој напиша: „Ќе биде направено најмногу за  светот, ако секој го сака своето семејство“

Книгата на Луан Старова е како високо дрво, пуштило корени во земјата на Балканот.

Луан Старова е македонски писател од албанска националност, професор по француска литература, заменик-претседател на Македонската академија на науките и уметностите. Неговите книги се преведени на многу јазици и имаат добиено големи литературни награди: „Роман на годината“, „Рацинова награда”, „Стале Попов“, „Жан Моне” за најдобар европски роман „Ангелус“ за најдобар роман во Централна и Источна Европа...

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30