КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Промоција на бугарското издание на романот „Турнеја“ од Сашо Огненовски во КИЦ на РСМ во Софија

На 19 декември 2023 во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија се одржа промоцијата на бугарското издание на романот „Турнеја“ од Сашо Огненовски. Во пријателска атмосфера на нашиот Центар, за делото на авторот Огненовски говореа директорот на КИЦ во Софија Сашко Насев, книжевниот критичар и издавач Пламен Тотев, преведувачот и писател Маријан Петров, како и писателот Димитар Христов.

Авторот на книгата Сашо Огненовски прочита дел од својата книга, а со своето обраќање дополнително го претстави романот пред публиката, која пак на крајот од вечерта имаше можност да се здобие со наскоро излезениот од печат роман и да добие посвета со автограм.

На настанот присуствуваа пријатели на КИЦ во Софија, љубители на литературата, како и претставници на македонската Амбасада.

Настани

19 Dec 2023 - 18:30

На 19 декември (вторник) 2023 од 18:30 часот, во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија, ќе се одржи промоцијата на бугарското издание на романот „Турнеја“ (из. „Изида“) од македонскиот писател Сашо Огненовски...

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30