Мултимедијалниот проект „Мечтаење помеѓу празното и празнината“ се одржа на 28 ноември 2024 година во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар.
Светлосната инсталација „Невидливи ритам“ на Марина Цветановска-Мартиновска создаде специјален амбиент и пространство, кое го населија звуците од пијаното на Билјана Петровска. На својот соло концерт, таа исполни авторски композиции во чии делови звучеа фолклорни мотиви.
Присутните на настанот изразија задоволство од претставениот музички и визуелен концепт, и желба за следна средба.