Симон Трпчески на 61то издание на меѓународниот музички фестивал „Мартенски музикални дни“ во град Русе, на 11.03.2022 година, заедно со диригентот Емил Табаков и Русенската филхармонија.
Во присуство на Претседателот на Бугарија Румен Радев, Претседателот на Собранието Никола Минчев и десетици други политички, уметнички, медиумски и дипломатски претставници, Симон Трпчески имаше бравурозен настап проследен со три биса и овации од публиката!