КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија за првпат гостува во град Сандански со уметничкиот проект „Поврзување“

На 8 ноември 2023 година во Уметничката галерија на град Сандански се одржа отворањето на јубилејната изложба „Средба од десетти вид“, која е дел од проектот „Поврзување“ на КИЦ на РСМ во Софија и е подржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија. На изложбата беа претставени околу 50 ликовни дела од 16 автори.

На настанот присуствуваа значајни претставници од културниот живот во град Сандански, уметници и љубители на ликовната уметност, како и раководството на Општина Сандански.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Сандански г-н Атанас Стојанов, кој се обрати кон гостите срдечно и посака успешна соработка од областа на културата и во иднина. Директорот на КИЦ на Северна Македонија проф. д-р Сашко Насев ја искажа својата благодарност за гостопримството на Општина Сандански и подадената рака за соработка. Кураторот д-р Иво Пецов ја претстави содржината на изложбата и конкретно се осврна на авторските имиња и делата вклучени во неа.

Уметничката галерија на град Сандански, која е во склоп на Домот на културата, е домаќин на „Средба од десетти вид“ до 19 ноември 2023 година.

Настани

8 Nov 2023 - 18:00

Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија за првпат гостува во град Сандански со уметничкиот проект „Поврзување“. Десеттата јубилејна изложба од проектот која во јули на 2023 година беше поставена во галеријата на...

Град Сандански, Уметничка галерија во Домот на култура
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30