Во присуство на претставници од културната и уметничка јавност во Софија, на 27 септември 2021 во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија, се одржа концерт за обоа и флејта на Владимир Лазаревски и Елена Дојчинова.
Елена Дојчинова е прва флејта во Националната филхармонија на Северна Македонија и е меѓу најдобрите флејтисти во земјата.
Нејзиниот колега Владимир Лазаревски е првата обоа во Македонската филхармонија. Лазаревски има магистрирано на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија, кај професор Георги Желјазов. Тој бил и соработник на Бостонскиот симфониски оркестар.
Двајцата се претставија со богата програма, која ги воодушеви љубителите на класичната музика.