КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Концерт на Трио Академико во рамките на Единаесеттиот меѓународен франкофонски фестивал „Солеј“ во Созопол

Археолошки музеј - Созопол
5 Jun 2022 - 20:30

По отворањето на изложбата од проектот „Поврзување“ во Градската галерија во Созопол, КИЦ на Република Северна Македонија учествува во културната програма на Единаесеттиот меѓународен франкофонски фестивал „Солеј“ со уште еден културен настан, а тоа е концертот на Трио Академико. Концертот на наставниците од Факултетот за музичка уметност во Штип ќе се одржи на 5 јуни (недела) 2022, со почеток од 20:30 часот во Археолошкиот музеј на Град Созопол. Настанот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија

На концертот Трио Академико во состав Златка Митева – флејта, Бранко Павловски – кларинет, Наташа Трбојевиќ – пијано ќе исполни музички дела од Ерик Евазен, Ернесто Кавалини, Марјан Јанковки, Луиџи Занинели, Флоран Шмит и Камиј Сен-Санс.

Златка Митева е флејтист од младата генерација, родена 1980 година. По завршувањето на Средното музичко училиште во Штип го продолжува своето образование  на Националната Музичка Академија „Панчо Владигеров” во Софија, кај проф. Лидија Ошавкова, каде што дипломира и магистрира во 2005 година како музичар изведувач.

Својот музички профил Златка Митева  го усовршува на многубројни семинари и мајсторски класови кај еминенти светски флејтисти  како Патрик Гала, Жерард Бургоњ, Андраш Адорјан, Марина Новак, Филип Бернолд, Клаудио Ферани и др. Носителка  е  на  музички награди од државни и меѓународни натпревари по флејта и камерна музика.

Златка Митева  има бројни настапи на музички фестивали во земјава и странство; Концерт со Македонската филхармонија, Концерт со Академскиот симфоничен оркестар во Софија, Бугарија, Солист на фестивалот ”Бахови вечери”, Музичкиот фестивал ,,Аполонија,, и Европскиот музички фестивал во Софија и Варна.

Со пијанистката Наташа Трбојевиќ остварува успешни концерти во Касел, Германија, Музеј „Борис Христов“ во Софија, во „MC Gallery“ во Њујорк,  фестивалот на народите „ Concertti del Tempietto“ во Рим, Италија, во Загреб, Хрватска, во Истанбул, Турција, на манифестацијата „Петровденски конаци“ во Кочани, Уметничка галерија „Безистен„ во Штип, во Струмица, Тетово, Велес, Охрид и др.

Златка Митева е член на камерниот состав ТРИО АКАДЕМИКО и заедно со овој состав концертира на повеќе фестивали низ Македонија: “св. Софија” во Охрид,  Штипско Kултурно  Лето, Скопско Лето, Музеј на град Скопје, Интерфокс – Осијек во Хрватска, концерти во Белград и Нови Сад во Р. Србија, на Музичката академија „Франц Лист„ во Печ и Будимшешта, Унгарија.

Таа е член на Академското дувачко Трио и ансамблот за современа музика на сојузот на композиторите на Македонија ,,Контемпора“.

Стипендист на 15 - от фестивал за флејта "Flautissimo" во Рим, Италија.

Добитник е на државната награда "Георги Божиков" и почесен член на Фондацијата "Томислав Зографски"

Во 2017 година, издаде ЦД ( Музика за флејта и пијано од македонски автори ) заедно со пијанистката Наташа Трбојевиќ. 

Во моментов, Златка Митева  е  професор по флејта на Музичката Академија на Државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

Бранко Павловски е македонски кларинетист со интернационална кариера и  репутација. Во моментов тој е вонреден професор на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Македонија. Павловски докторирал на Факултетот за музичка уметност на Државниот универзитет на Луизијана во Батон Руж, САД, во класата на Роберт Дилутис, каде работел како асистент по кларинет се до 2011 година. Претходно во својата педагошка дејност работел како наставник по кларинет во ДМБУЦ „И. Николовски – Луј“.

За прв пат се запознава со кларинетот како инструмент и ги прави првите чекори во музичката уметност со помош на проф. Љупчо Тренчевски. Средно музичко образование завршил во ДМБУЦ „И. Николовски – Луј“ во Скопје. Дипломирал и магистрирал на УКИМ Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на Проф. Иван Кочаров. Се усовршувал на постдипломски студии на Државната музичка академија во Софија во класата на Петко Радев, на Академијата за музички уметности во Прага во класата на Штјепан Коутњик, Националниот Конзерваториум во Версај во класата на Филип Купер, Националниот Конзерваториум во Вил д’Авреј - Париз во класата на Доминик Видал. Во текот на своето образование Павловски својот музички профил го надоградува учествувајќи на семинари и мајсторски класови кај еминентни кларинетисти како: В. Блејни, Г. Данген, Д. Прескот, А. Хакер, Д. Кембел, М. Увајт, Ј. Пајц, В. Сејфарт, К. Лајстер, Р. Мекдауел, Л. Лудевиг–Вердер, Ч. Буроу, В. Мареш и др.

Како солист и камерен музичар Павловски настапувал во САД, Франција, Англија, Германија, Чешка, Полска, Италија, Бугарија, Грција, Хрватска, Србија и Македонија. Тој работел во Воениот Оркестар на АРМ, Батон Руж Симфонискиот Оркестар, а  истотака соработувал со Акадиана Симфонискиот Оркестар, Опера Луизиана, Прага Моцарт Оркестарот, Ансамблот за Современа Музика на Националнот Конзерваториумот во Версај, Македонската Филхармонија, ФЕИМС Оркестарот, ЛСУ Симфонискиот Оркестар, ЛСУ Дувачкиот Ансамбл и др. Настапувал на повеке фестивали во земјата и странство како што се: ЛСУ Фестивалот за современа музика во Батон Руж, MusiPoeSci во Париз, Интернационалниот музички фестивал во Дартингтон, Охридско лето, Скопско лето, Златна Лира, МодоАрс, Денови на македонската музика, Штипско лето, Манифестацијата по повод денот на словенските просветители ‘Кирил и Методиј‘ во Рим, потоа преку програмите на КИЦ, Музичка Младина на Македонија, и др. Тој бил член на повеќе камерни состави: дувачките квинтети „Арт“ и „Нова“, Скопскиот дувачки квинтет, Трио Академико, ЛСУ Кларинет Квинтетот, ЛСУ Камерениот Ансамбл, Академското дувачкото трио и др. Како промотор на современата музика Павловски има премиерно изведено повеќе нови дела за кларинет.

Павловски е лауреат на повеќе државни и меѓународни натпревари по музика и има добиено повеќе награди и признанија меѓу кои се издвојуваат: четири први награди на државните натпревари во Македонија, втора и трета награда на сојузните натпревари во поранешна Југославија, прва награда на МТНА натреварот по камерна музика во Хемонд, САД. Истотака, Павловски е добитник на Музичката награда на Луизијана, наградата „26 јули“ од Франк Манинг од Лондон за најдобар студент на Факултетот за музичка уметност во текот на учебната 1997/98 година, и пофалница по повод 50-годишниот јубилеј на УКИМ како признание за постигнат најдобар успех за време на студиите. Истата година, му е доделена и наградата „8 Октомври“ за постигнати значајни резултати  од областа на културата и музичката уметност. 

Наташа Трбојевиќ е родена 1965 година во Штип. Mузичкото образование го стекнува во Основното и средното музичко училиште во Штип во класата по пијано на професорот Санда Бикова. Своето образование го продолжува на Факултетот за музичка уметност при 2016 год. реализираше целовечерен концерт со проф. Васко Ристов во MC Gallery во Њујорк, САД ;  Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје во класа по пијано на професорот Лепша Пиперковска, магистрирала во класата по пијано на проф. Евушка Трпкова Елезовиќ. Има освоено повеќе награди на натпревари по пијано .

За време на студиите има одржано голем број солистички концерти организирани од Музичката младина на Македонија и Млади музички уметници, Штипско културно лето, Скопско лето и др. Учествувала и во пијано трио во класата на професорот М. Куфојанакис, професор по камерна музика. Зема учество на семинари по пијано кај истакнати пијанисти;  Тимакин, А. Валдма, Б. Романов, Јокут Михајловиќ, Д. Трбојевиќ и др.

Од 1988 година работи како проф. по пијано во Средното музичко училиште во Штип. Истовремено работи и во Музичкото училиште во Врање и во Бујановац во Р. Србија, во периодот 1988-1992 година. Таа и  припаѓа на првата генерација дипломирани  пијанисти во Штип и е еден од оснивачите на класата по пијано во Средното музичко училиште во Штип. Била член на жири комисија на државни натпревари за пијано и камерна музика во Скопје и Битола од 2003 до 2009 година. Како музички педагог учествувала на повеќе државни и меѓународни натпревари во Скопје, Битола, Белград, Љубљана, Херцег Нови итн.

Од 2007 година работи како уметнички соработник на Музичката академија при  УГД во Штип, со класите по флејта, кларинет, труба и соло пеење. Настапува на многубројни концерти организирани од Музичката  академија, вклучувајќи меѓународни и државни натпревари.

Од 2016 година станува доцент на Музичката академија на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Од 2007 до 2017 година одржува солистичку концерти (во Штип, Велес и Скопје) и преку 40 настапи и концерти, со многу музички солисти: Борис Трајанов (баритон), Благица Поптомова (сопран), Димитар Кожухаров (бас баритон), Наташа Пандазиева (мецо сопран), Златка Митева (флејта), Бранко Павловски (кларинет), со пијано дуото Трбојевиќ – Настовски.

Од 2013 год. активно настапува со камерниот состав  Трио Академико, со кое има реализирано повеќе од 15 целовечерни концерти во Р. Македонија, Р. Србија и Р. Хрватска.

2015 год издаде ЦД (Барокна музика за глас, труба и пијано) заедно со проф. Васко Ристов и доцент Благица Поптомова; Целовечерен камерен концерт на Златка Митева , Димитар Кожухаров и НаташаТрбојевиќ“ во НУЦК „ Ацо Шопов “ Штип; Целовечерен камерен концерт на Златка Митева , Димитар Кожухаров и Наташа Трбојевиќ во Ликовен салон - Велес , во рамки на манифестацијата „Велес град на културата за 2015 год“; Концерт „Вечер на популарни арии“- Kонцерт на Наташа Трбојевиќ и Наташа Пандазиева  во Ликовен салон - Велес; Концерт на Наташа Трбојевиќ и Наташа Пандазиева на Музичката академија во Штип - концертна сала;

2016 год. Два целовечерни концерти на Трио академико во концертната сала „Даворин Јенко“ во Белград и во концертната сала на музичката академија во Осијек; Концерт на Васо Ристов и Наташа Трбојевиќ во MC Gallery  во Њујорк САД  ,Концертен настап на Трио академико на Концерт по повод 135 год од раѓањето на Бела Барток во Музеј на град Скопје и концертнаta сала при МА во Штип;

2017 год. Концертен настап на 70 год. јубилеј на ДМУЦ Сергеј Михајлов во УГ Безистен во Штип; Три целовечерни концерти  на Трио академико на Академија на уметностите во Нови Сад, на фестивалот „InterVox“ во Музеј Славоније во Осијек и во концертната сала на Музичката академија „Франц Лист“ во Печ, Унгарија; Два целовечерни концерти „Вечер на македонски автори “ – Златка Митева – флејта и Наташа Трбојевиќ – пијано  во УГ Безистен во Штип и во Музејот „Борис Христов“ во Софија, Р.Бугарија.

2018 год. Целовечерен концерт на Наташа Трбојевиќ и Златка Митева во Касел, Германија и MC Gallery, Њујорк,

2019 година – Целовечерен концерт на фестивалот на народите во Рим, Италија и на 1 –от Флејтов фестивал во Загреб, Хрватска

2021 година – Целовечерен концерт на Наташа Трбојевиќ и Златка Митева во МКЦ во Истанбул, Турција

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31