На 28 март во Софија се одржа книжевен портрет посветен на поетското творештво на Јовица Тасевски - Етернијан.
Настанот беше во организација на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Бугарија и Издавачката куќа "Макавеј“ од Скопје. Поезијата на Етернијан ја претставија македонскиот поет и критичар Бранко Цветкоски и бугарскиот поет Петар Караангов. Стихови од Етернијан интерпретираа актерот Иван Калошев, во придружба на гитара од Ива Христовска. Настанот поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија, го отвори директорот на Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, Васко Шутаров.
На книжевната средба истовремено беше промовирана книгата со избрани песни на Јовица Тасевски - Етернијан, што излезе од печат под насловот "Синтаксис на светлината“, како заедничко издание на реномираната издавачка куќа "Бугарски писател“ од Софија и "Макавеј“ од Скопје. Препевот на поезијата на Етернијан на бугарски јазик го направи еминентниот бугарски поет Петар Караангов, на кого во Македонија му беа доделени наградите "Книжевен жезол“ и "Почесно Рациново признание“.