“ДУША БАКШИШ” новата песна на Александар и Дац со највеќе бугарски прегледи и коментари од регионот! Потврда дека љубовта и музиката не познаваат политика и граници!
(ЛИНК ВИДЕО)
https://www.youtube.com/watch?v=Du-t6zRP0YM
Македонското популарно дуо Александар и Дац познато на бугарската публика по хитот “Корона Чао” и “Јовано Јованке” со Destiny Quartet, пред празниците ја израдуваа многубројната публика со нова песна, боемската балада “Душа бакшиш” која е веќе голем хит на македонските медиуми.
Во препознатливиот нивен стил, со многу емоции за изгубената љубов и за кафаната како институција во која тагата и среќата секогаш одат заедно. Александар и Дац снимија и интересен видео спот што го промовираа на 14 ноември на Youtube и на нивната Facebook страница. Интересно е што најголемиот број од коментарите и прегледите од целиот Балкан се токму од Република Бугарија каде стекнаа многу фанови во текот на корона пандемијата и посебно по гостувањето кај познатиот шоумен Рачков. Ова се дел од коментарите кои покажуваат дека љубовта и музиката немаат граници, ги зближуваат двата народа, а Дац и Александар како вистински музички амбасадори ја остваруваат таа мисија каде политичарите не можат.
(Коментари)
“Красива музика и омайно нежни светове от думи!!! “
“Благодаря Ви за красивата емоция, с която ни даряват! Бъдете здрави! “
“Отново песен, която пълни душата! Капка тъга, капка носталгия, капка отминала младост, капка любов, плач на цигулка и чаша вино... Отпивам с наслада! Страхотни сте, момчета! “
“Браво момчета, уникална песен, вече не знам, коя е поред... Бъдете винаги себе си, много здраве и всичко да Ви е наред. Вие сте наистина уникални, наслада за сетивата, дар от Бога, вълшебство, което докосва душата“
“Хах момчета това е най-големия бакшиш за душата, който съм получавал от много време насам. Но само, който е талантлив и работлив може да остава такива бакшиши“
“Пълните душата!“
“А за мене тага наточете..... Така минава животът! Благодаря за прекрасната елегична песен !“