Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија и издавачка куќа "Авангард принт"- Русе, на 15 април во 18:30 часот, во просториите на КИЦ се одржа промоција на книгата поезија "Толкување на морето" од современата македонска поетеса Гордана Михаилова Бошнакоска.
Гордана Михаилова Бошнакоска е родена 1940 год. во Битола. Долги години била уредник во Македонската телевизија. Била стипендиант во САД-специјализирала креативна литература. Автор е на повеќе книги поезија, проза и есеистика. Стиховите од поезијата на Бошнакоска се преведени на многу јазици. Добитник е на наградата "Браќа Миладиновци" за најдобра книга поезија (1998) на Струшките вечери на поезијата. Членка е ма Друштвото на писатели на Македонија и на Македонскиот ПЕН Центар.