КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Десетта јубилејна изложба од проектот „Поврзување“ на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија

На 11 јули 2023 во Софија, во изложбениот простор на Националната академија за ликовни уметности, галеријата „Академија“, беше отворена групната ликовна изложба „Средба од десетти вид“, на која со свои дела учествуваат Гордана Вренцоска, Дејан Иванов – Маргуш, Јана Манева-Чупоска, Беди Ибрахим, Маријана Иванова, Перица Георгиев – Пепси, Павел Целкоски, Марјан Ѕингаров, Иво Пецов, Ненад Микиќ, Зоран Мише, Момчил Мирчев, Свилен Стефанов, Росен Тошев, Рикардо Кварежма Виејра, Валтер Праташ и Золтан Ференц. Изложени се 57 цртежи, графики, слики во комбинирани техники, скулптури, фотографии, дигитални графики и видеоарт.

Изложбата ќе биде отворена до 30 јули годинава, претставува продолжување на проектот „Поврзување“, кој оваа година ја одбележува својата 10-годишнина, и е резултат од соработката меѓу Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија и Националната академија за ликовни уметности. Со овој извонреден настан пред бројните љубители на ликовната уметност во едно од најстарите зданија посветени на уметноста во Софија започна и одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Бугарија.

По поздравниот говор на уметникот Росен Тошев на присутните им се обрати директорот на КИЦ во Софија, д-р Сашко Насев, со беседа за естетиката и дипломатијата. Цитирајќи го постулатот на Аристотел за уметниците кои (треба) да ја креираат реалноста, Насев ја потенцираше улогата на уметноста како најбитна – уметноста над сè.

Амбасадорката на Северна Македонија во Софија, Н.Е. Агнеза Руси-Поповска, во нејзината поздравна реч ја истакна значајноста на уметниците во зацврстување на односите меѓу двете земји. Кураторот на „Средба од десетти вид“, д-р Иво Пецов, кој и самиот изложи неколку дела, потсети на развојот на проектот „Поврзување“ со кој КИЦ на РСМ го рашири своето културно присуство и културна размена со речиси сите поголеми градови во Република Бугарија. Овој проект во неговите претходните изданија ги промовираше младите автори од Република Северна Македонија кои живеат, работат или студираат во Република Бугарија, а низ годините го стимулираше и мултимедијален карактер, збогатувајќи ја понудата и со македонска поезија, музика, филмска уметност…

На отворањето присуствуваа и дел од авторите на изложбата: Јана Манева-Чупоска, Гордана Вренцоска, Маријана Иванова, Павел Целкоски, Зоран Мише, Марјан Ѕингаров, Иво Пецов, Момчил Мирчев, Росен Тошев и Свилен Стефанов.

Насловот на годинешната групна изложба, „Средба од десетти вид“, не е само просто асоцијативна. Збогатувајќи ја меѓусебната комуникација и контакти, уметниците од двете земји веќе изградија своевидна заедница која постојано расте, и во која непознатите престануваат да си бидат туѓинци едни на други. Или, со други зборови, најдобрата дипломатија, не само по повод одбележувањето на 30-годишниот јубилеј од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Бугарија.

На отворањето, освен голем број љубители на уметноста, присуствуваа и уметници, како и претставници од дипломатскиот кор.

Десетта јубилејна изложба од проектот „Поврзување“ на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија

 

Настани

11 Jul 2023 - 18:30

На 11 јули во галерија „Академија“ на Националната академија за ликовни уметности во Софија, со почеток од 18:30 часот, ќе биде отворена групната ликовна изложба „Средба од десетти вид“. Изложбата е резултат од соработка меѓу Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија и Националната академија за...

Национална Академија за Ликовни Уметности, ул „Шипка“ 1, Софија
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30