КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Македонскиот КИЦ во Софија го одбележува 24 Мај и го претставува рециталот „Светопис за сесловените“ од проф. д-р Зоран Пејковски

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
24 Мај 2025 - 18:00

По повод одбележувањето на еден од најзначајните датуми во словенската духовна и културна традиција - 24 Мај - Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе биде претставен рециталот „Светопис за сесловените“, посветен токму на светите браќа Кирил и Методиј и 1.163 години од Моравската мисија, преку која беше поставен темелот на словенската писменост и духовност. Имено, поетскиот чин претставува длабок духовен и културен омаж на делото на првоучителите и писмотворци, кои со својата мисија го преобразија духовниот пејзаж на целиот словенски свет. Рециталот ја афирмира нивната жртва, визија и писменост, која не само што ја оформуваше азбуката, туку и го обликуваше идентитетот на генерации народи и култури, така што преку длабоко симболичен поетски јазик, се воздигнува нивната мисија.

Овој настан е не само културен, туку и духовен мост кон минатото, сведоштво за наследството кое не обврзува да се сеќаваме, да го негуваме, и да го продолжиме патот што тие го трасираа.

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31