КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Цели на Културно-информативниот центар

Културно-информативните центри на двете држави се формирани како резултат на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија за основање на Културно-информативен центар на Северна Македонија во Софија и Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје (потпишана на 18 април 2003).

Во Спогодбата е утвредено меѓу другото дека Културно-информативните центри ќе може да ги вршат следните дејности:
а) да организираат во своите простории библиотека и читална; научни информации од својата земја;
б) да издаваат или увезуваат публикации од својата земја;
в) да прикажуваат филмови во и надвор од своите простории,
со посредство на институциите надлежни за тоа во земјата
домаќин;
г) да организираат во своите простории литературни, научни и други предавања проследени, според потребата, со визуелни илустрации или музички изведби;
д) да организираат во своите простории изложби на фотографии, цртежи, плакати, книги, оригинални уметнички дела или репродукции;
ѓ) да даваат информативни услуги на заинтересираните граѓани на двете Договорни страни, како и на граѓани на трети држави;
е) да објавуваат и да дистрибуираат информативни билтени, за настаните и манифестациите организирани од страна на Културно-информативните центри. Информирањето подразбира и користење модерни комуникациски технологии, итн.

Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, официјално е отворен на 27 април 2005 година

 

 

Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Софија (фотографија)
Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Софија (фотографија)
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31