Веќе афирмираната генерација на ликовни творци беше иницијатор за основање на уметничка школа во Скопје. Президиумот на АСНОМ го прифати предлогот на ликовните уметници на Македонија за основање на Државна художествена школа во Скопје со два отсека: художествен и учителски.
Со донесувањето на одлуката, на ден 01.12.1944 година повереникот за народна просвета Епаминонда Попандонов донесе решение за назначување на Никола Мартиноски за директор на школата. За предавачи беа назначени: Лазар Личеноски, Борко Лазески, Димитар Тодоровски, Василие Поповиќ-Цицо, Тома Владимирски и Здравко Блаж...