КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Фотографска изложба „Приспивни сирени“ на Кристина Атовска во КИЦ на РСМ во Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
4 Мај 2023 - 18:00

На 4 мај (четврток) 2023 од 18:00 часот, во КИЦ на РСМ во Софија, ќе биде отворена изложбата „Приспивни сирени“ на македонската новинарка Кристина Атовска.

Изложбата е составена од околу 50 фотографии во боја, настанати на военото жариште во Украина во 2022 година. Фотографиите се од местата, каде што за време од тримесечниот престој на Кристина Атовска е сниман и истоимениот долгометражен документарен филм, чиј што трејлер ќе биде прикажан за време на отворањето на изложбата.

Фотографиите се практично сцени од филмот, а се поставени следствено како што се одвива дејствието во филмот. На почетокот, фотографиите го покажуваат окупиран Киев, преку ослободувањето на житомирскиот автопат и масакрот во Буча, до константно бомбардираниот Харков и првата линија на огнот во регионот Изјум. Цивилите и нивните секојдневија се во фокусот на овие фотографии.

За филмот „Приспивни сирени“ Атовска досега има 8 награди од меѓународни фестивали и преку 12 селекции. Домашната премиера филмот ја имаше на 27.02.2023, а светската на 21.04.2023 на фестивал на Палм Бич, Флорида.

...

Кристина Атовска е родена на 21.12.1989 во Скопје. Во 2011 дипломираше новинарство на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и оттогаш се занимава со новинарство. Во меѓувреме запиша и магистерски студии, отсек дипломатија и меѓународни односи на Универзитетот на Југоисточна Европа. По неколкугодишна работа во пишани медиуми, од 2014 влезе во мултимедијалното новинарство работејќи во телевизија Сител, телевизија 24 и 1 ТВ. По затворањето на телевизијата, Атовска беше дел од емисијата Утрински брифинг на интернет телевизијата Слободна ТВ и Слободен печат за кого известуваше од војната во Украина како единствениот македонски новинар кој известува од воената зона. Во моментов е дел од водителскиот тим на емисијата Трилинг која се емитува на ТВ24.

Атовска е автор на Публикација насловена „Насоки за известување од зона на вооружен конфликт“ изработена како дел од проектот „Поддршка на слободата на изразување во медиумите во Северна Македонија“ имплементиран од Советот за Етика, а кофинансиран од Европската Унија.

Атовска е автор и режисер на серијал од кратки документарни филмови поврзани со КОВИД 19, а во соработка со истражувачката мрежа СКУП. Во рамки на серијалот, неколку епизоди беа целосно посветени на лицата со посебни потреби, а истиот се емитуваше на Македонската Радио Телевизија во периодот од август 2020 до февруари 2021.

На 20.03.2023 Атовска беше наградена на „Годишните награди Никола Младенов 2022“ и ја зема наградата за најиновативен новинарски производ за прилогот од линијата на фронтот, насловен „Животот во рововите на првата борбена линија“ емитуван во Утрински Брифинг.

На 27.03.2023 Атовска доби награда - плакета за Посебен придонес во професионалното новинарство за известувањето од Украина доделена од Здружението на Новинарите на Македонија.

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31