КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Промоција на книгите „Марта“ и „Сама“ на Горјан Петревски во Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
27 Oct 2021 - 18:30
Промоција на книгите „Марта“ и „Сама“ на Горјан Петревски во Софија (банер)

Најпопуларниот македонски писател кој пишува за млади читатели, Горјан Петревски, ќе претстави две свои книги во КИЦ на РСМ во Софија. Настанот ќе се одржи на 27 октомври од 18:30 часот во присуството на писателот. Ќе бидат претставени бугарските изданија на неговите најуспешни романи – „Марта“ (издание на „Изида“, превод Маријан Петров) и „Сама“ (издание на „Книги за сите“). Овие две книги се влезени во учебната програма на средношколците во Северна Македонија. Издавани се многукратно, при што само „Марта“ има досега 21 изданија, кои ја прават една од најпродаваните книги во земјата.

Допадлив и за младите, и за возрасните читатели, Горјан Петревски е писател кој добро знае како да ги одгатне тајните на тинејџерите и како да разкаже за нивните кревки чувства, како и да ја врати младоста кај оние кои веќе припаѓаат кон светот на возрасните.

Затоа со неговите романи „Марта“ и „Сама“ растат неколку поколенија македонски читатели. Тие се прекрасен пример за тоа дека и изучаваните книги во средните училишта може да се читани со страст и задоволство. Толку интересни и возбудливи се, што во различни моменти од животот читателот им дури се враќа повторно и ги препрочитува, зашто имаат оставено трага во неговото срце.

На прво место, тоа кое ги примамува читателите на Горјан Петревски, е интересното сиже во кое важно место заземаат загатки, кои го држат вниманието на читателот.

Местата за настанот се со ограничен број и право на присуство ќе имаат само оние кои претходно се запишале. Предност за присуство ќе имаат оние кои поседуваат сертификати за вакцинација или за поминат Ковид-19. Поставените услови се со цел почитување на мерките за справување со пандемијата. Можете да го користите телефонскиот број на КИЦ на РСМ во Софија и претходно да се запишете за присуство на настанот: + 359 2 946 1492. Тоа можете да го направите до 27 октомври од 8:30 до 16:30 часот.

Share

Настани

  • 2 Dec 2021 - 18:30
    Литературна вечер со писателката и преведувачката Ана Багрјана (банер)

    На 2 декември (четврток) 2021 со почеток од 18:30 часот, во КИЦ на РСМ во Софија, ќе се одржи „Литературна вечер со писателката и преведувачката Ана Багрјана“.

    За нејзината богата преведувачка дејност, во која се застапени...

    КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31