КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба „Реминисценции“ на Марјан Ѕингаров во КИЦ на РСМ во Софија

На 7 март 2023 година во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија беше отворена изложбата „Реминисценции“ на познатиот македонски сликар што живее и работи во Софија – Марјан Ѕингаров.

За апстрактното сликарство на Ѕингаров говореа д-р Иво Пецов, познатиот бугарски новинар Даниел Ненчев, како и директорот на КИЦ, д-р Сашко Насев, кој се осврна на естетиката и културата која секогаш гради мостови меѓу луѓето, каде и да се и кои и да се.

Во присуство на голем број дипломати, уметници, новинари и пријатели на КИЦ, изложбата ја отвори амбасадорката на РСМ во Бугарија, Н.Е. Агнеза Руси-Поповска, која потенцираше дека ќе работи во унапредувањето на односите меѓу двете држави.

Сликарот Марјан Ѕингаров, заблагодарувајќи им се на сите присутни, емотивно ги повика гостите да уживаат во изложбата „Реминисценции“. Ѕингаров прими благодарница од Сашо Тодоровски, директор на културните институции во Куманово, за несебичната помош во воспоставувањето на уметничките врски меѓу Куманово и Русе.

На изложбата авторот го претстави својот последен циклус од сликарски дела изработени на платно, со комбинирана техника и употреба на акрилни бои.

Марјан Ѕингаров е роден 1976 г. во Струмица. Дипломирал во 2002 г. и магистрирал во 2005 г. на Националната Ликовна Академија во Софија, Бугарија. Има реализирано девет самостојни изложби во Северна Македонија, Бугарија и Романија. Учесник на групни изложби во Северна Македонија, Бугарија, Грција, Србија, САД, Англија, Шпанија, Швајцарија, Италија, Полска, Чешка, Романија. Носител е на Годишната награда на Општина Струмица, Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици за 2022, за особен придонес во областа на културата и уметноста.

Со овој величествен културен настан започна богатата програма на КИЦ на РСМ во Софија за 2023-та година.

Настани

7 Mar 2023 - 18:00

На 7 март (вторник) 2023 во КИЦ на РСМ во Софија, со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи отворањето на ликовната изложба „Реминисценции“, составена од сликарски дела на Марјан Ѕингаров, повеќегодишен соработник и пријател на КИЦ на РСМ во Софија. На изложбата авторот го претставува својот последен циклус од...

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28