КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба „Бегство од кругот“ на Петра Јовановска во Софија

На 1 март 2022 во Чешкиот центар во Софија се одржа отворањето на изложбата „Бегство од кругот“ на ликовната уметница Петра Јовановска. На отворањето присуствуваа гости од дипломатскиот кор и љубители на ликовната уметност и поезија. Изложбата, во присуство на директорот на КИЦ на РСМ во Софија д-р Сашко Насев, ја отворија директорката на Чешки центар во Софија г-ѓа Дагмар Остранска и амбасадорот на Чешката Република во Софија Н.Е. Лукаш Кауцки. На отворањето присуствуваа и претставници од амбасадата на Република Северна Македонија во Софија, како и амбасадорот на Словачката Република во Софија Н.Е. Мануел Корчек.

Настанот беше посветен на солидарноста со страдањата на украинскиот народ. Украинската поетеса Ана Багрјана прочита делови од своето поетско творештво, по што на присутните им се обрати авторката на изложбата Петра Јовановска.

Изложбата е составена од 27 сликарски платна, организирани во 10 творечки единици од типот полиптих и диптих. За создавањето на своите дела користела комбинирана сликарска техника со примена на апликација на хартија и текстил. Делата се изработени во последните 5 години.

Изложбата во Чешки центар во Софија ќе остане отворена за посетителите до 31 март 2022 година.

Настани

1 Mar 2022 - 18:00

На 1 март од 18 часот во Чешки центар во Софија ќе биде отворена изложбата „Бегство од кругот“ на ликовната уметница Петра Јовановска која живее и твори во Република Северна Македонија. Настанот е плод на соработка помеѓу Чешки центар, Амбасадата на Чешката република во Софија и Културно-информативниот центар на...

Чешки центар во Софија, ул. „Г. С. Раковски“ 100
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30