КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Гостување на Национална опера и балет на РСМ во Пловдив

На 7 февруари 2023 во Домот на културата “Борис Христов” во Пловдив, Република Бугарија, гостуваше Националната опера и балет на Република Северна Македонија со балетската претстава “Госпоѓиците од Авињон”. На почеток на настанот беше оддадена почит на жртвите на катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Балетската претстава е инспирирана од истоименото сликарско дело на Пабло Пикасо, со либрето и драматургија на Сашо Димоски, музика на Калиопи Букле и кореографија и режија на Олга Панго, а во балетска изведба на првенки и првенци на Македонскиот Балет. Пловдивската публика ги поздрави нашите уметници со долготраен аплауз. Гостувањето е поддржано со финансиски средства на Министерството за култура на Република Бугарија.

Претставата ја следеше и Агнеза Руси Поповска, амбасадорка на Република Северна Македонија во Република Бугарија, и притоа оствари кус и срдечен разговор со раководните лица на двете водечки културни установи.

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30