КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Фотографска изложба „Приспивни сирени“ на Кристина Атовска во КИЦ на РСМ во Софија

Вечерта на 4-ти мај 2023, во КИЦ на РСМ во Софија, се отвори изложбата „Приспивни сирени“ на македонската новинарка Кристина Атовска во продукција на Виктор Петрески.

Изложбата е создадена по тримесечен престој на Кристина на воените жаришта во Украина и снимањето на нејзиниот документарен филм со истиот наслов.

Изложбата ја отвори директорот на КИЦ-от д-р Сашко Насев кој зборуваше за блиските македонско-украински врски и за трагедијата предизвикана од агресијата на Руската Федерација врз Украина.

Пред бројните гости се обратија и претставничката на украинската амбасада во Софија, Ирина Козик и познатата украинска писателка и преведувачка на повеќе од 30 македонски автори на украински јазик, Ана Багрјана. Тие изразија благодарност до КИЦ на РСМ во Софија и до авторите за овој извонредно храбар чин.

Со високо емотивен набој Кристина и Виктор со страст зборуваа за нивното дело а Кристина Атовска по три месечниот престој на воените жаришта во Украина пластично ги долови трагедиите во Буча, Харков и други украински градови.

На крај беше прикажан трејлер од документарниот филм "Приспивни сирени" и целиот настан беше поздравен со бурни аплаузи.

Самиот документарец веќе е прикажан на повеќе меѓународни фестивали за документарен филм.

Сите присутни со восхитеност ја поздравија помошта од секаков вид што малата Северна Македонија ѝ ја пружа на прекрасната и голема Украина.

Еден исклучително благороден настан во КИЦ на РСМ во Софија.

Настани

4 Мај 2023 - 18:00

На 4 мај (четврток) 2023 од 18:00 часот, во КИЦ на РСМ во Софија, ќе биде отворена изложбата „Приспивни сирени“ на македонската новинарка Кристина Атовска.

Изложбата е составена од околу 50 фотографии во боја, настанати на военото жариште во Украина во 2022 година. Фотографиите се од местата, каде што за...

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31